Ракометниот спектакл во организација на Ракометната федерација на Македонија заврши со емотивен говор на Ванчо Димовски. Некогашниот кружен напаѓач на националниот тим, кој вечерва го постигна најатрактивниот погодок, не го заборави својот голем пријател и поранешен тренер и помошник селектор Андон Бошковски – Доне, кој пред неколку месеци ненадејно почина.

Благодариме за посетата вечерва, што дојдовте во толкав број да ги поздравите прво играчите на кои им е потребна поддршка за претстојното Светско првенство. Ние како екипа и сите овде присутни мораме да споменеме уште еден член на стручниот штаб кој повеќе не е меѓу нас. Ќе ве замолам аплауз, за Андон Бошковски. Се надевам дека од горе некаде го гледа ова“, рече Димовски.

Популарниот Доне, важеше за еден од најдобрите ракометни тренери во нашата држава, но и голем пријател, другар и поддржувач на македонскиот ракомет. Почина во својот дом на 47-годишна возраст.

Бошковски поголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина на клупите на македонските суперлигаши, а во неколку наврати беше дел и од националниот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.