Хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје.

Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.

Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките се избришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.

Денис Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.