Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство 2023.
Вечерва „црвено-жолтите“ загубија од Аргентина со 26:35.
Свое видување за настапите во Ф-групата искажа Филип Талески
– Ќе анализираме на крај. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се реши ако сакаме да одиме напред, да бидеме добра репрезентација. Во моментов е оваа слика што ја гледаме сите. И ние знаеме дека тоа е тоа. Сега ни преостануваат натпреварите за пласман, а потоа кога ќе се вратиме потребна е добра анализа да видиме во што е проблемот и да се поправиме.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.