Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 и вторпат во една седмица загуби од португалски Порто, овој пат на гостински терен со 37-24 и така ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Европската лига на ЕХФ.

Најдобар стрелец кај португалскиот тим беше Веитиа Валдеш со девет гола, пред Гомеш Силва Фернандеш со пет гола, додека кај Вардар, Марко Срдановиќ даде шест гола, а Георгиевски и Крсманчиќ погодија по три пати.

До крајот на Европската лига за Вардар остануваат уште два меча, тоа се против Мелсунген на домашен терен и против Валур на гостински терен. Последните два меча од групната фаза се играат во месец ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.