Познатиот македонски ракометар, „Вардарско момче“ Стојанче Стоилов има за честење!

Имено, Стојанче по втор пат стана татко.

Убавата Даница – неговата сопруга – му донесе на свет бебенце, машко.

Веста ја споделија од неговиот клуб каде прославата секако ќе се случува.

Потсетуваме, првото детенце на Стојанче и Даница се роди во ек на корона кризата. Тогаш среќната мајка изјави дека бременоста ја поминала без никакви проблеми.

Нека е живо и здраво новороденчето, честитки Стојанче!

Фото – Стојанче со првиот син, фотографија Аџибадем Систина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.