Со хаштагот #СитеСмеФилип на социјалните мрежи му се пружа поддршка на ракометарот Филип Талески, кого вчера го нападна полицаец по завршувањето на натпреварот Вардар – Пелистер во Охрид.

И професорката Татјана Алексиќ остро се спротистави на диктатурата на власта на СДСМ и ДУИ.

Она што ги вознемирува граѓаните е отсуството на реакција од страна на владејачката СДСМ како владеачка партија. Наместо осуда и казна, коалициските партнери на двоецот Спаовски-Ковачевски крајно подло се обидоа да го оправдаат овој чин на терор на полицијата кон македонските граѓани.

Kоалицискиот партнер на СДСМ, лидерот на партијата ПОЕН, Рубин Земин во Фејзбук статус невешто и срамно се обиде да ги одбрани полициските сили на СДСМ и на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.