Полицијата во Зворник го приведе женското лице И.Л од Зворник поради основано сомнение дека се обидела да го убие ракометарот Дрина од Зворник, Никола Томиќ.
Томиќ бил нападнат од партнерката со ладно оружје пред бензинска пумпа во Зворник. Таа со остар предмет го прободела во пределот на вратот. По шокантниот напад, младиот ракометар бил испратен на лекарска помош во болницата Зворник каде му биле констатирани тешки повреди.
Полицијата брзо реагирала и И.Л на 16 април околу 02:50 часот била лишена од слобода поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „Убиство“ во врска со кривично дело „Обид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.