Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одржа онлајн-седница и распиша иницијатива за проширување на Суперлигата, истовремено има и план за Женската лига. Се крои план, неофицијално, лигата да биде проширена на 16 екипи за следната сезона. Каков ќе биде системот на натпреварување и дали ќе има проширување ќе се разговара дополнително.
-Согласно насоките и мерките за заштита и превенција од вирусот ковид-19, Ве информираме дека беше организирана седница на Управниот одбор на РФМ без физичко присуство, односно седницата се одржа онлајн.
На одржаната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија меѓу останатите беа донесени и следните одлуки/заклучоци:
1. Формирање на комисија за разгледување на предлози за промени во систем на натпреварување во младински лиги за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Левче Китевски (директор на машки и женски репрезентации) и Александар Стефанов (член на Управен одбор на РФМ), со цел заеднички со клубовите учесници се изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот на македонскиот младински ракомет
2. Формирање на Комисија за разгледување на предлози од учесниците за систем на натпреварување на Женската сениорска лига за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Мирјета Бајрамоска (член на Управен одбор на РФМ) и Гордана Нацева (Член на Управен одбор на РФМ) во насока на зголемување на бројот на квалитетни натпревари
3. Се задолжи комесарот за спроведување на натпревари – Славе Николов да формира комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари
4. Се донесе одлука за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните клубови, за промена на националниот систем на натпревари за сезона 2022/23 година во Суперлига – мажи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.