Ракометната Федерација на Македонија, ги одреди премиите за ракометарите за пласман во следната фаза од Мундијалот во Полска и Шведска. Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, а истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи.

За две победи и заверување пласман во главната рунда ќе бидат наградени со 45.000 евра, а една победа и пласман во главната рунда ќе им донесат 30.000 евра.

Македонските ракометари за Краков патуваат утре, а веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч против селекцијата на Норвешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.