Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство, овој пат од домаќинот Германија со 25:34 (13:18) во „Мерцедез-Бенз Арената“ во Берлин.

Воглавно македонските ракометари беа во подредена улога против силно мотивираната домашна селекција водена од 13.500 навивачи на трибините. Со овој пораз Македонија и математички остана без шанси за втора фаза, па дуелот со Швајцарците ќе биде последен на ова првенство.

Јури Кнор беше најдобар стрелец на мечот со десет гола. Во македонскиот табор се истакна Ненад Костески со шест, а по четири дадоа Пешевски и Јагуриновски. Голманите не беа на завидно ниво, Томовски собра пет интервенции, додека Митревски кој бранеше само во првиот дел фати две топки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.