Македонската машка ракометна репрезентација во недела ќе ја пречека Турција во натпревар од квалификациите за Европското првенство, а од денеска на навивачите им се достапни и билетите за овој дуел.
Цената е повеќе од популарна и секој кој сака да присуствува на оваа важна средба во СЦ „Борис Трајковски“ треба да издвои само 100 денари, објавија од Ракометната федерација на Македонија.
Билетите можат да се купат преку веб страницата mktickets.mk, како и во продажната мрежа на „МК Тикетс“ низ цела Македонија.
Натпреварот во недела започнува од 18 часот и со победа над Турција нашата репрезентација ќе обезбеди пласман на ЕП во машка конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.