Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.
Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети.
Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.