Младинските ракометни репрезентативци на Македонија, остварија втора победа на „Карпати трофеј“ во рамки на Романија, против репрезентацијата на Словачка.

Нашите репрезентативци го добија натпреварот со резултат 33:23, а може да се каже дека цел натпревар беше под наша контрола.

На полувреме Македонија имаше осетна предност со 18:11, а до крајот на натпреварот таа предност се негуваше и надополнуваше за конечни +10 на крајот. Најдобар во нашата репрезентација беше Димитар Узунчев со 10 погодоци.

Во првиот меч, репрезентацијата на Македонија беше подобра од Саудиска Арабија.

Во последното, трето коло, нашите репрезентативци ќе се соочат против домаќинот Романија, а ова е само подготвителен турнир, како увертира за ЕП идната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.