Оваа Македонија дефинитвно не е за големи натпреварувања. За прв пат откако учествуваме на Светско првенство не се пласиравме во втората фаза. Македонија не одигра ништо против Арентина и поразот (26-35) беше неизбежен.
Одбраната анемична, крилата неупотребливи, бекови како и да немаме..
Голема вина за овој пораз но и за целиот настап на СП оди и на селекторот Лазаров кој о премногу брзо внесе во оган млади ракометари но и тој самиот како да не е доволно подготвен за волку голем чекор во кариерата, од теренот веднаш се пресели позади аут линијата.
Очигледно ќе мораме да се навикнуваме дека ова е некоја нова Македонија без Столе, Кире, Миркуловски, Борко и дека во иднина секое учество на големо натпеварување ќе биде успех.
За голем успех ќе треба да почекаме овие „нови клинци“ да пораснат во големи ракометари. А за тоа треба време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.