Прво Филипчо и „Инфомакс“ и онај ликот со анонимни полициски пријави од Охрид, а денес и Левица и СДСМ во ист глас, со ист прес за спортската гордост на Охрид, а тоа е ГРК Охрид. Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот, порача денеска градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по обвинувањата дека општината доделила пари на клуб кој тој го основал.
Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен се до 2016-та. Во 2013 со основачки влог од 25.000 евра на општина Охрид се основа Акционерско друштво РК Охрид 2013, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК Охрид и така е до ден денес. Откако е Акционерско друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или неизвршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК Охрид е општина Охрид и така и ќе остани, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на сите спортски клубови на територија на општина Охрид. Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи со гордост кажувам е една од најпосветените општини и токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а нажалост ваша и на СДСМ и на Левица, а богами и на Филипчо, ќе продолжам уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни, вели Пецаков.
Ги повикува институциите да проверат за било каква злоупотреба, за, како што рече, конечно да се има дговорност за тежината на секој даден збор и исказ.
Ама овај пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции. Досега сè ви опростив и сите невистини. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал! Нема да го уништите спортот и правилниот развој на младите во Охрид! Вие сте завршена приказна! Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!, пишува Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.