Репрезентацијата на Словенија од групата Д, Шведска и Холандија од групата Е, како и Данска и Португалија од групата Ф, по воведните две кола,  обезбедија настап во втората фаза на Европското првенство во Германија.

Шанса да им се приклучи на петте селекции изминатата вечер пропушти двократниот светски првак Норвешка, откако испушти три голови предност против Фарски Острови во завршните 100 секунди на натпреварот, кој по продолжение заврши нерешено 26:26.

Со овој нерешен резултат, ракометарите на Фарски Острови дојдоа до својот прв пат на ЕП и останаа во игра за пласман во вториот круг.

Норвежаните сè уште можат да завршат првопласирани во групата, но, исто така, можат да останат и без пласман во вториот круг, доколку во последното коло загубат од Словенија, а Фарски Острови против веќеотпишаната Полска забележи убедлива победа.

ЕП за ракометари, прв круг – 2 коло

Група Д (Берлин)

Полска – Словенија 25-32 (14-20)

Фарски Острови – Норвешка 26-26 (12-13)

Словенија 2 2 0 0 64-54 4
Норвешка 2 1 1 0 58-47 3
Фарски Острови 2 0 1 1 55-58 1
Полска 2 0 0 2 46-64 0

Група Е (Манхајм)

БиХ – Холандија 20-36 (7-17)

Грузија – Шведска 26-42 (9-23)

Шведска 2 2 0 0 71-46 4
Холандија 2 2 0 0 70-49 4
Грузија 2 0 0 2 55-76 0
Босна и Херцеговина 2 0 0 2 40-65 0

Група Ф (Минхен)

Чешка – Португалија 27-30 (7-13)

Грција – Данска 28-40 (13-20)

Данска 2 2 0 0 63-42 4
Португалија 2 2 0 0 61-51 4
Чешка 2 0 0 2 41-53 0
Грција 2 0 0 2 52-71 0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.