Поранешниот германски ракометар Штефан Кречмар во интервју за „Хендбол Ворлд“ зборуваше за настапите на Германија на Европското првенство (ЕП), но и за нејзините ривали од кои еден е Македонија.

Кречмар смета дека Македонија нема квалитет како во изминатите години кога Кире Лазаров беше предводник на теренот.

„Македонија нема квалитет како во претходните години. Откако Кире Лазаров се пензионира, тие не се силни како пред пет-шест години. Во тоа време Македонија беше одличен тим и имаше борбени ракометари. Сепак, не треба да ги потцениме“, кажа Кречмар.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на 14 јануари со почеток од 20.30 часот.


Извор: Спорт1


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.