Големата вечерашна победа на гостувањето кај Монпелје (28-25) донесе зголемување на разнишаната самодоверба во таборот на црвено-црните и тоа во најдобар можен момент, пред клучните средби од групната фаза од Лигата на шампионите.

Ракометарите сметаат дека со доаѓањето на тренерот Давид Дејвис работите тргнале на многу подобро.

Задоволни сме од начинот како одигравме. По доаѓањето на Дејвис работевме ептен напорно, па овој триумф дефинитивно не е на среќа. Секој играч си ја одработе својата задача и сите работевме напорно за да дојдеме до посакуваната форма. Не е лесно да се дојде тука и да се победи. Овој триумф е важен за нас, се надевам дека победите ќе ни се множат. Имавме разочарувачки партии на изминатите средби и се надевам дека овој дуел ќе ни биде од голема помош за средбите кои следат – изјави Кевин Њокас.

Вардарци со оваа победа ја прекинаа низата од седум порази по ред во ЛШ, со што се вратија во игра за пласман во нокаут-рундата, во пресрет на дуелот со ППД Загреб, закажан за в среда во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.