Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Светското ракометно првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Денеска од 20.30 часот нашите арбитри ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Шведска и Исланд кој ќе се игра во Гетеборг во Скандинавиум арената во рамките од главната фаза.

Во групата „2“ Шведска води моментно со шест бодови, пред Исланд кој има четири, по три Португалија и Бразил, два има Унгарија, без бодови е селекцијата на Зеленортски острови.

Швеѓаните и Исланѓаните стартуваа со триумф во вториот круг, играчите на Глен Солберг со нови бодови би го обезбедиле пласманот во четвртфиналето.

Претходно во прелиминарната фаза Начевски и Николов на Мундијалот ги судеа мечевите Бахреин – Тунис (27:27) и Португалија – Унгарија (27:20).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.