Македониј, Црна Гора и Словенија е организатор на Европското женско ракометно првенство кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември оваа година во трите држави.

Се поблиску сме до овој голем настан, па претседателите на сите три федерации Живко Мукаетов, Петар Каписода и Фрањо Бобинац на Конгресот на ЕХФ во Луксембург ја презентираа организацијата на ЕП.

-Три култури, три јазици, една заедничка страст кон ракометот-тоа беше слоганот со кој балканската тројка се претстави на овој собир на претседателите кој викендов с еодржува во Луксембург.

Инаку шампионатот е на програмата од 4 до 20 ноември и тоа во четири града Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.