Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешното собрание најави заминување од функцијата. Тој ќе го напушти претседателското место во Ракометата федерација во 2025 година, пренесува „Скопје.инфо.мк“.
Повлекувањето Мукаетов го најави со потврдата дека нема да се кандидира за нов мандат на изборното собрание кое ќе се одржи помеѓу 15 февруари и 1 март во 2025 година.
На чело на РФМ, Мукаетов дојде во 2013 година, па така по повеќе од десет години Македонија ќе добие нов прв човек на ракометот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.