Николче Митревски денеска имаше 14 интервенции во мечот против Чешка, и еден од најзаслужните за победата со која Македонија се пласиташе наСветско првенство. По победата, голманот на Порто ги сподели своите први импресии.
„Игравме одлично и во Скопје и во Злин. Таму паднавме во последните десет минути, имавме пет разлика, човек повеќе и две одбиени топки кои не ги зедовме и се случи тоа што се случи. Разликата на реваншот беше оваа публика. Кога „паѓавме“ секогаш имавме поддршка од нив и кога ни беше најтешко и во одбрана и во напад, тие беа тука. Колку што сме ние заслужни за оваа победа, секој присутен во салата кој навиваше за Македонија, има своја заслуга за пласманот. Штета што не победивме двапати, денес можевме и поубедливо, но најбитно е што сме на Светско првенство и мирно може да се спремаме за следниот циклус во ноември.
Ние сме шампиони да дигнеме некого или цела екипа и да ги уништиме. Немаме трпение, не чекаме да израснеме, веднаш се бараат големи натпревари, многу голови и слично. Повозрасните се тука за поддршка за помладите кои денес одиграа феноменално“, изјави Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.