Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција.
Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци.
На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28.
Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0.
Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.