Македонската ракометна репрезентација попладнево одигра нерешено 24:24 со Хрватска во вториот натпревар на Европското првенство У20.

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ добро го почнаа натпреварот, водеа со 1-2 гола разлика дваесетина минути, но потоа следуваше пад во играта. Хрватите со серија од 7:1 направија резултатски пресврт и негативатаја претворија во предност од пет голови разлика на полувреме (15:10).

Хрватска во второто полувреме дојде и до највисоки +7 (18:11). Македонците не се предадоа и со поагресивна игра почнаа да ја намалуваат негативата  и со серија од 9:1 дојдоа до водство (20:19).

До крајот се играше рамноправно, Хрватска четири пати водеше, Македонија изедначуваше за на крај да се заврши со поделба на бодовите.

Од 16:40 се игра другиот натпревар од 2. коло во А-групата во кој се среќаваат Австрија и Црна Гора.

Македонија има 3 бода од два натпревара, Австрија 2 од една средба, Хрватска 1 од два меча, Црна Гора е без освоен бод по еден натпревар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.