Машката репрезентација на Македонија влезе во групата на смртта во групната фаза на Европското првенство 2024 во Германија. Македонските ракометари се најдоа во групата А и ќе играат против домаќинот Германија, Франција и против Швајцарија.

Избраниците на Кире Лазаров  ќе играат во Берлин, а натпреварите од континеналниот собир ќе се играат од 10 до 28 јануари.

Првите две селекции по групната фаза ќе обезбедат место во главната рунда, каде ќе играат по шест селекции во две групи.

Македонија на ЕП 2024 се пласираше како второпласирана во квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург, а квалитативниот статус направи да ја чекаме денешната ждрепка од третиот шешир.

група А (Диселдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
група Б (Манхајм): Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија
група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.