Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека утрешниот меч помеѓу Македонија и Франција (18 часот, пренос на МТВ) на почетокот на Европското првенство (ЕП) во Германија ќе биде историски зашто ќе биде поставен рекорд по број на гледачи.

На првиот натпревар на Македонија се очекуваат повеќе од 53.000 гледачи на трибините на фудбалскиот стадион во Диселдорф и ЕХФ потврди дека тоа ќе биде нов рекорд во светот на ракометот. Претходниот најпосетен меч во ракометниот свет бил дуелот од германскиот Суперкуп помеѓу Хамбург и Рајн Некар Левен, кој пред точно десет години во Франкфурт го проследиле 44.189 гледачи.

Македонија вториот меч на ЕП го игра на 14 јануари, а два дена подоцна играме против Швајцарија. Двете средби се закажани за во Берлин.

ЕХФ веќе ги одреди и судиите за утрешниот натпревар, па така утре правдата ќе ја делат Швеѓаните, Мирза Куртагиќ, Матијас Ветервик, а како делегати се Владимир Ранчик и Јан Кампан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.