Ракометната репрезентација на Македонија доби група во која може да се надигрува. На Светското првенство (СП) во 2025 година, нашиот национален тим ќе се соочи со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Познат е и распоредот по ждрепката, како и датумот на натпреварите во Вараждин. Нашиот национален тим ќе отвори против Унгарија на 15 јануари, додека два дена подоцна, на 17 јануари, ќе следи натпревар со Холандија. Крајот на првата групна фаза е со Гвинеја на 19 јануари.

Саатниците на натпреварите допрва ќе бидат утврдени од ИХФ. Три од четирите репрезентации одат во наредната рунда, додека четвртопласираната ќе игра на Президент Купот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.