Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот.на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25.
Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите“ во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.
По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.
Најефикасни во победничкиот сосÑ �ав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски.
Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Марок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.