Македонија влезе во групата на пеколот за европскиот шампионат што од 10 јануари до 28 јануари ќе се одржи во Германија.

Домаќинот Германија, Франција и Швајцарија се ривалите со кои избраниците на Лазаров ќе се сретнат во рамките од групата А во Берлин, од каде само најдобрите две селекции ќе се пласираат во следната фаза.

Веќе е познат и распоредот, па така Македонија уште на првиот натпреварувачки ден, на 10 јануари ќе се сретне со големиот фаворит Франција.

Според распоредот на официјалната страница на ЕХФ, нашите ракометари на 13 јануари ќе се сретнат со Швајцарија, а во последното коло ќе ги очекува дуел со домаќинот Германија, меч закажан за 15 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.