Денеска во 13 часот ќе биде погребан Андон Бошковски, големо ракометно име во македонскиот ракомет. Популарниот Доне беше работеше во многу клубови и секогаш го промовираше овој спорт.
Ракометниот свет се простува од 47-годишниот стратег, кој му го посвети сиот живот на ракометот.
Кире Лазаров преку социјалните мрежи да испрати последна порака до Доне.
„Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиску луѓе, а ти ми беше еден од ретките… Многу нефер од твоја страна…
Направивме многу заедно. Знаевме и да се скараме, но се сакавме и почитувавме. Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа другите, но тоа не е важно, јас знаев што имам крај себе… Нека ти е лесна земја и светол патот.
Оваа фотографија е од Европското првенсрво во 2012 година, по победата над Словенија за петтото место на прес-конференцијата, кога бевме горди Македонци“, напиша Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.