Кирил Лазаров, актуелен селектор на македонската ракометна репрезентација, ќе биде нов тренер на РК Алкалоид, пишува сајтот специјализиран за ракомет „24ракомет“ од Македонија.

Македонската ракометна легенда, најави дека по завршувањето на кариерата ќе работи во клуб, не откри кој, но сега шпекулациите велат Лазаров ќе работи во Македонија.

РК Алкалоид обезбеди пласман во Суперлигата, а Лазаров сега се поврзува со тренерската позиција во македонскиот клуб.

Познато е дека Лазаров и актуелниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов, имаат одлична соработка, сега од репрезентативно, можно е да се поврзе и на клупско ниво.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.