„Горд сум, покажавме зрелост, работевме доста. Можеби сме во подобра форма од двете екипи и победивме. Мислам дека пелистерци одиграа премногу натпревари во подготовките, а Вардар одигра доволно ама имаше една луфта од две недели во кои не играше и немаше ритам. Мислам дека тука е нашата предност која ја искористивме. Имавме залет од освојувањето на Суперкупот, а и денес се покажавме во одлично светло“.
Вака изјави тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров, откако „Сините“ го победија Вардар 1961 со 33-30 на празничното градско дерби. Алкалоид поведе со четири разлика во второто коло, што му ја донесе победата. Оваа прва рунда ветува супер-интересна сезона на македонскиот шампионат.
Успехот за Алкалоид доаѓа по освоениот трофеј во Купот на Македонија и во Суперкупот.
Во следното коло од македонската Суперлига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш. Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.