Селекторот Кире Лазаров ги одреди 18-те ракометари кои ќе бидат дел од репрезентативниот табор на претстојното Европско првенство во ракомет во Германија.
Од сите оние ракометари кои беа дел од подготовките пред ЕП, од списотко отпадна само ракометарот на Пелистер, Цветан Кузмановски, па тој нема да патува во Германија.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на фудбалски стадион, каде се очекува голема маса на фанови, а капацитетот може да биде и преку 50.000.
Првиот меч се игра во Дизелдорф на 10 јануари, а веќе следниот ден репрезентацијата ќе патува за Берлин. Отвараме против Франција, која е фаворит во нашата група, се разбира и со домаќинот Германија, против кои играме четири дена подоцна, а ќе затвориме против Швајцарија на 16-ти.
Ова се 18-та кои ќе патуваат во Германија: Никола Митревски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Мартин Томовски, Милан Лазаревски, Жарко Пешевски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Филип Талески, Петар Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Филип Кузмановски, Давид Савревски, Иван Џонов, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев и Марко Митев.
Нашиот национален тим низ изминатиов период се подготвуваше, одигра и три пријателски средби (Црна Гора, Грција (2)) на кои оствари три победи, поточно селекторот Кире Лазаров имаше доволно време за да се одлучи со кои играчи ќе отпатува на континенталниот собор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.