Селекторот Лазаров смета дека неговите избраници покажале карактер и го заслужиле местото на големото натпреварување.

„Ова е еден од моите најсреќни денови во животот во спортската кариера. Не е лесно да ги мотивираш ракометарите, посебно затоа што добиваме големи критики од јавноста. Големите шампиони знаат како да го преживеат притисокот. Даваме срце и душа за Македонија, па поради тоа барам само малку почит, особено кога ќе згрешиме затоа што грешки прават и други големи спортисти“, изјави вчера Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.