Пензионирањето на Кире Лазаров одекна силно во ракометна Европа, особено во земјите каде што активно придонесуваше, Шпанија, Франција, Унгарија, Хрватска.
Во шпанската АСОБАЛ лига Лазаров мина шест години.
Во интервју за „Мундо депортиво“, Лазаров зборува за репрезентативната и клупската акриера, но и зошто ја одбил понудата да земе хрватски или унгарски пасош и да настаува за репрезентациите на Хрватска или на Унгарија.
Тоа беше нешто што не го чувствував, а ако нешто не го чувствувате како што треба или не сте мотивирани, тогаш немојте да го правите. Иако знаев дека, ако играм за тие репрезентации ќе освојувам медали и титули, сепак ќе беше предавство да се откажам од мојата земја и затоа никогаш не го прифатив, рече Лааров.
Извор: Спорт1.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.