Хрватскиот весник „Јутарњи“ објавува дека поседуваат информации дека премиерот и минитерот за внатрешни работи се обиделе да го скријат и заташкаат убиството на ракометарот Денис Тот.
Тие се повикуваат на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој прв проговори за можен обид да се скрие претепувањето на ракометарот на Бутел.
Сомнителните околности околу смртта на младиот хрватски ракоментар, односно службените изјави за оваа трагедија кои претходеа на резултатите од обдукцијата и кои будат сомнеж за затскривање на случајот, станаа тема на политичка пресметка во Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ така ја прозваше и ја обвини владата, односно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека пробувал да го прикрие случајот со убиството на Денис. – пишува хрватскиот дневен весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.