Хрватската ракометна репрезентација е составен дел од секое големо натпреварување и така ќе биде и овој јануари во Германија на Европското првенство, пред кое Сојузот излезе со едно неочекувано барање до јавноста и медиумите.
Претходно водечките луѓе во име на ракометарите побараа веќе да не се користи долгогодишниот прекар за репрезентацијата.
Незаборавната генерација предводена од Ивано Балиќ самата направи репрезентативците да бидат нарекувани „каубои“ по предлог на капитенот, но актуелните играчи донеле едногласна одлука повеќе да не се користи тој термин.
Како последица на бројните наслови и вести во медиумите каде се споменува прекарот „Каубои“, во име на репрезентативците, стручниот штаб и сојузот, ве молиме да не го користите тој прекар во иднина. Актуелните играчи не беа дел од таа генерација кога настана споменатиот прекар и затоа не се препознаваат во истиот, се вели во барањето на Сојузот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.