Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за новата сезона со српскиот репрезентативец Урош Борзаш со кого потпиша договор на две години.
Борзаш, како што соопшти синоќа битолскиот клуб, доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од Норвешка, каде изминатите две сезони го носеше дресот на Елверум и настапуваше во Лигата на шампиони.
Претходно во кариерата 23-српскиот репрезентативец беше член на Веспрем, Татабања и Тулуз.
Промоцијата на Борзаш во зелено – белиот дрес е предвидена на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.