Франција е новиот европски шампион во Ракомет. Француската селекција денеска ја победи Данска со 33:31, финале на ЕУРО 2024 кое се играше и продолженија.

Во првото полувреме интересно до крајни граници, фантастичен беше Емил Нилсен на голот на Данска, но сепак на пауза се замина со тие 14:14. Имаше од се по нешто, но секако врвен ракомет на задоволство на сите во “Ланксес Арената“ во Келн и милионските ракометни фанови покрај ТВ екраните.

Второто полувреме Данска подобро го отвори, имаше +3 гола, Франција постојано го напаѓаше водство и дојде до тоа дури во 55.минута за 25:24 во своја корист.

Сепак Данска врати за 26:25, за 27:26. Дика Мем без гол, а Гидсел со 7 од 7. Во последната минута Данците влегоа со водство од еден разлика. Но сепак Франција израмни на 27:27 и мораше да се оди во продолженија.

А таму повторно драма во “Ланксес Арената“, но малку голови, 2:2 за Данска или севкупно 29:29.

Неверојатно финале. По првото полувреме 14:14, во регуларниот дел 27:27 и еве сега 29:29. Така е кога играат ракометни велемајстори.

Дика Мем блеска со два гола, токму кога е најпотребно за 31:29 за Франција. На крајот 33:31 за Франција, која сега не само што е олимписки туку и европски првак.


Извор: СпортСпорт



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.