Еминентниот македонски судиски тандем Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска.
Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн.
Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.
Во второто полуфинале, домаќинот Германија ќе игра против Данска.
Распределбата на медалите е на програмата в недела, исто така, во Келн
Натпреварот за третото место ќе се игра од 15 часот, а големото финале од 17:45 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.