Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својот прв состанок од европската сезона 2024/2025 ги одреди кандидатите за домаќини на европските првенства (ЕП) во 2030 и во 2032 година. Така, Извршниот комитет реши да ги прифати кандидатурите на Хрватска и заедничката на Чешка, Полска и на Данска за ЕП 2030 за мажи, а истото важи и за кандидатурите на Хрватска, како и на Германија и Франција за ЕП 2032 за мажи, како и заедничката на Германија, Данска и Полска за ЕП 2032 за жени, објави ЕХФ на својата интернет-страница.
За континенталното првенство во 2030 година за ракометарки, Извршниот комитет ќе му предложи на Конгресот на Европската ракометна федерација, според статутите, Извршниот комитет да има мандат да изнајде изменета процедура за одредување домаќин или домаќини за ова првенство, пишува ЕХФ.
Одредувањето домаќини на европските шампионати во 2030 и во 2032 година ќе се одржи во декември годинава, на вонредниот конгрес на Европската ракометна федерација во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.