Десет ракометари на Бурунди исчезнале во Риека, за време на Светското првенство за играчи до 19 години, известува локалната полиција.

Репрезентативците на оваа африканска земја, последно биле видени вчера, но потоа им се загубила трагата.

По досегашните сознанија, станува збор за десет млади личности од машки пол, родени во 2006 година, кои вчера околу 15.30 часот се оддалечиле во непознат правец од студентскиот центар во Риека, каде што беа сместени за време на првенството“, наведуваат од полицијата.

Ракометарите не одговарале ниту на телефонски повици од својот табор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.