Данска и Германија ќе играат во финалето на ракометниот олимписки турнир.
Данците во драматично полуфинале ја победија Словенија со 31-30, додека Германците ја совладаа Шпанија со 25-24.
Данска водеше од првата до последната минута, во некои моменти и со шест разлика, но Словенија полека ја намалуваше негативата и минута до крајот дојде со само гол негатива (30-31). Во следниот напад, Данците изнудија седмерец кој Микаел Хансен не го реализираше, а Словенија доби 15 секунди да избори продолжение. Алекс Влах беше сопрен со прекршок, Словенците бараа седмерец, но судиите досудија само девет метри дд кои Борут Мачковшек не успеа да постигне гол со истекот на времето.
Данска до победата ја предводеше Магнус Ландин Јакобсен со шест и Лукас Јоргенсен и Микел Хансен со по пет гола, а во словенечките редови најефикасни беа Алекса Влах и Дин Бомбач со по седум гола.
Данска досега само еднаш има освоено олимписко злато, во 2016 година во Рио де Жанеиро, додека во Токио беше втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.