Со два натпревара одиграни ноќта вторник кон среда почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Бранителот на трофејот, тимот на Бостон селтикс забележа убедлив триумф над Њујорк никс со 132:109. Џејсон Тејтум со 37 поени и 10 асистенции ги предводеше домаќините до првиот триумф.

На другиот натпревар, Лос Анџелес лејкерс ја совлада Минесота тимбервулвс со 110:103. Ентони Дејвис се истакна во победничкиот состав со дабл-дабл учинок (36 поени и 16 скокови).

Во тимот на Лејкерс, 39-годишниот Леброн Џејмс и неговиот 20-годишен син Брони Џејмс се појавија на теренот заедно во втората четвртина и станаа првото дуо татко-син во историјата на НБА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.