РК Вардар вечерва ќе го има третиот настап во ракометна Европа оваа сезона. Противник е Порто, а што се однесува до составот со кој вардарци ќе ги одмерат силите против Португалците, мало изненадување. Имено во составот на тренерот Недановски е и Вуко Борозан, интернационалецот од Црна Гора кој деновиве беше искасан од кучиња скитници и неговиот настап беше под голем знак прашалник.
Сепак тој изгледа е подобар и се наоѓа во записникот. Во него го нема Танкоски, но затоа тука е Јагуриновски.
Ова е составот на РК Вардар за вечерашниот меч со Порто (20:45 Ч) во салата “Јане Сандански“ во Скопје:
Извор:спортспорт.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.