Ракометната Федерација на Македонија денес ги објави цените на билетите за бараж натпреварот со Фарски Острови за Светското првенство 2025. Билетите ќе чинат 200 и 300 денари.
Натпреварот ќе се одигра на 12 мај со почеток во 19 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Претходно македонските ракометари ќе гостуваат на Фарски Острови.
Продажбата на влезници за натпреварот почна денес и се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.