Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.
Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27.
Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30).
Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.