Членот на управниот одбор на ЖРК Куманово, Филип Додевски следната недела ќе ги полага тестовите со кои ќе стане првиот Македонец кој добил сертификат од специјализираната програма European Handball Manager 2022/23 што ја организира ЕХФ во соработка со German Sport University Cologne од Германија.

По препорака на главниот менаџер на форумот на европски женски клубови Герд Бутзек, и членот на управниот одбор на Ѓер – Тамаш Сзабо аплицирав и успеав да влезам меѓу 20 луѓе што ќе учествуваат на сертифицираната програма European Handball Manager. Се надевам дека со успех ќе го претставам нашиот клуб, град и држава ќе се стекнам со сертификатот, вели Филип Додевски.

Програмата се одвива на секои две години на англиски јазик и се состои од пет интердисциплинарни модули. Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои ги учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти.

Менаџерите од врвните европски клубови, како што се THW Kiel, Telekom Veszprem HC и Györi Audi ETO KC, како и ракометните асоцијации и лиги во Европа, веќе успешно го завршија Европскиот ракометен менаџер и сега имаат корист од стекнатото знаење и вештини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.