Сè уште не е Ноле на кој сме навикнати, но во Париз, на Грен слем, сè може да се сврти. Во последните пет години неговиот фокус е ставен на Грен слем турнирите. Мислам дека Олимпијадата се негов приоритет оваа година, но повторно сака да покаже дека се грижи да игра добро на Слемовите. Се надевам дека ќе ја повтори историјата од претходните години кога доаѓаше срамежливо и без самодоверба, која ја добиваше преку натпревари, градење на својата форма и на крајот освојувајќи турнири. Не ни очекувавме дека ќе го освои Гарос лани, па и го направи – изјави Виктор Троицки за „Спортал“.

Тој конкретно ги наведе причините

– Најголемиот проблем со него во моментов, според мене, е мотивацијата. Всушност, тоа не е ни мотивација, туку тој оган во него, да гризе, но верувам дека тоа може да се промени овде во Париз, а особено на Вимблдон каде ќе биде најголемиот фаворит за титулата. Таму е фаворит поради неговата природна игра на трева, каде има ем сервис, ем враќање. Во Париз можеби моментално не е прв фаворит, е меѓу првите два-тројка, но што се однесува до Вимблдон, дефинитивно според мене е прв пик за пехарот. Повторно верувам во него и на Ролан Гарос секогаш може да се врати и секогаш да победи –анализира Виктор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.