На трибините во Мелбурн забележително беше отсуството на Јелена Ѓоковиќ. Еве зошто таа не беше таму.

Јелена никогаш не оди во Австралија откако малите Стефан и Тара станаа дел од нивното семејство. Како прво, затоа што Австралија е далеку, а децата одат на училиште, па не можат баш да го бодрат тато за време на школските денови.

Јелена се грижи и за фондацијата Новак Ѓоковиќ, па тоа е една од причините поради која не беше во Мелбурн.

Со Ѓоковиќ на првиот Грен слем беа тренерот Горан Иванишевиќ и останатите репрезентативци Карлос Гомеш-Ерера, Миљан Амановиќ и Марко Паники, а со нив и Стивен Сасинс Шашјан, Електра и Марк Маден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.